Локвенец: Македонија сврте нова страница, да не се повтори 24 декември

115

Денеска се точно шест години од црниот понеделник, кога на 24 декември 2012 година, овде, во Собранието, по налог на Никола Груевски, насилно беа исфрлени новинари и пратеници, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ на прес конференција во Собранието.

– Наместо храм на демократијата, токму демократијата беше најбрутално погазена, суспендирани беа уставот и законите. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми буџетот на граѓаните. После шест години од еден од црните датуми во поновата наша историја, денеска, со задоволство можеме да кажеме дека слободна, демократска Македонија заврте нова, светла страница. Црно време во кое се раскрчмуваше буџетот на граѓаните заврши. Заврши диктатурата и насилството што таа го носеше, меѓу граѓаните, но и овде, во Собранието – рече Локвенец.

Тој истакна дека во петокот, Собранието го усвои буџетот за 2019 година, како што доликува на еден храм на демократијата, во демократска атмосфера, преку транспарентна постапка, со прифатени 9 амандмани од опозицијата.

– Граѓаните денеска точно знаат за што се трошат нивните пари. Нема криминални тендери и провизии, се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните. По 11 години заробена држава којашто беше синоним за погазување на човековите права Македонија денес е држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права, кој цврсто се движи кон ЕУ и НАТО. Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на реформите кои носат економски раст, повисоки плати, социјална правда, напредок. Македонија се гради како еднакво, демократско општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски. За жал нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги продолжува истите деструктивни политики на неговиот ментор Никола Груевски – рече Локвенец

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...