Локвенец: Да кажеме „да“ и да ја искористиме шансата што е пред нас ВИДЕО

Македонското знаме, на триесеттиот јарбол пред седиштето на Алијансата! По неодамнешното добивање датум за преговори со ЕУ, ова е уште едно голем признание за сите наши граѓани, за нашата татковина, рече денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец. 

728

Mакедонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата. Горди сме! Македонија – триесеттата земја членка на НАТО. Македонското знаме, на триесеттиот јарбол пред седиштето на Алијансата! По неодамнешното добивање датум за преговори со ЕУ, ова е уште едно голем признание за сите наши граѓани, за нашата татковина, рече денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

– Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет. Пред нас е историска можност за почеток на преговори за членство во ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО. Ова е остварување на врвните национални и државни интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Се реализира децениска желба на цела една генерација, се обезбедува стабилноста и македонската иднина. Членството во НАТО не значи само загарантирана стабилност и безбедност, туку значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа значи повеќе пари во економијата, нови работни места, повисоки плати, повисок животен стандард за сите граѓани – истакна Локвенец.

Тој оцени дека за само една година, Владата предводена од СДСМ ја врати земјата на евроатлантскиот пат и покажа капацитет за реформи и решавање на отворените прашања во интерес на сите граѓани.

– Како сериозна и државотворна партија, преку одговорна и посветена работа, ги остваруваме стратешките интереси. Се обврзуваме, успешно да ја завршиме сета домашна задача. Се потврдува, Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин. Го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО. Дојдовме на прагот на ЕУ и НАТО, се случуваат историски моменти што на подобро ја менуваат иднината на нашата држава. Да ја искористиме шансата што е пред нас. Заради нашата држава и заради иднината на следните генерации, да кажеме „Да“ за влез на Македонија во НАТО. Да кажеме ДА за ЕУ. Да кажеме ДА за македонската иднина – порача Локвенец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...