Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски информира дека пожарот кој зафати голема тревна и дрвна површина околу манастирот „Св. Преображение“ или познат како манастирот на Тоше Проески е локализиран.
Тој преку објава на Фејсбук додаде дека пожарот е ставен под контрола и ѝ одаде почит на армијата која учествуваше во гасењето на пожарот.
Претходно Христоски ги повика сите кои сакаат да помогнат, да им се придружат на теренот.