Ловџија се здобил со прострелна рана при лов

100

Ловџија се здобил со прострелна рана при лов во Кавадаречко, информацијата за МИА ја потврдија од МВР.

– На 12 декември 2018 година околу 10,30 часот пријавено е дека во село Команичево, Кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, 68-годишен кавадарчанец се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија, на возраст од 27 години – велат од МВР.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде му била констатитрана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...