Лекар во Итна медицинска помош во Демир Хисар пријавил дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.
По негово кажување, со повредата се здобил во село Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52) од село Обедник.
Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.