МВР соопшти дека поднело соодветен поднесок против Р.З. (67) од село Зајас, осомничен за предизвикување пожар во месноста Думовско Маало во селото.
Во соопштението се посочува дека денеска во 10:50 часот во полициското одделение Зајас било пријавено оти во село Зајас, во месноста Думовско Маало избувнал пожар, при што била зафатена сува трева и бандера сопственост на ЕВН.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас е обезбеден Р.З. и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.