Литовски за заканите на Ѓорчев: Музејот на ВМРО не е свет, туку е еден од музеите на Македонија

1666

Музејот на ВМРО не е ниту света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во Македонија, рече историчарот д-р Александар Литовски, пренсе apla.mk, откако на Собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот Влатко Ѓорчев, вчера од говорница му се закани на Литовски, но и на останатите членови на Работната група задолжена за преиспитување на општествената и стручната оправданост за постоење на Музејот на ВМРО.

Ѓорчев рече дека музејот е света работа и оти она што ќе го направат министерот и работната група еден ден може да биде  дел од поставката на Музејот на ВМРО.

Литовски возврати дека семејните работи се финансираат со семејни пари.

– Музејот на ВМРО ниту е света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во РМ. Згора на тоа, онака како што е направен без поширок национален консензус и без доволно стручна музеолошка издржаност, тој сосема сигурно не придонесува за национално единство. А ако некој го сфаќа како „емотивна“ и “семејна работа“ тогаш него можеше да го гради и сервисира со семејни финансиски средства, а не со државни пари – вели д-р Александар Литовски, истричар.

Целиот текст може да се прочита ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...