Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ распиша конкурс за најдобри песни

160

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, по повод месецот на книгата, распиша конкурс за најдобара необјавена песна за деца и возрасни.

Конкурсот се распишува во две категории: најдобра песна за деца на македонски јазик и најдобра песна за возрасни на македонски јазик. -Темата е слободна.

На конкурсот ќе се доделат награди за првите три најдобри песни за деца и три најдобри песни за возрасни. Песните треба да бидат напишани на македонски јазик, информираат од Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“.

Конкурсот е отворен до 26 ноември до кога треба да пристигнат песните на електронската адреса literaturenklubtetovo@gmail.com) или лично да се достават до Центарот за култура.

Резултатите ќе се објават на 6 декември во 18 часот, на литературна вечер, кога ќе бидат доделени и наградите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...