Лирим Шабани: Вработените вратија 36.000 евра, Mинистерството не е оштетено

1812

Буџетот на Министерството за локална самоуправа не е оштетен, стојам на располагање на органите да утврдат дали има моја вина, изјави за Плусинфо Лирим Шабани, поранешен министер за локална самоуправа за кривичната пријава од Финансовата полиција поднесена до Oсновното јавно обвинбителство за незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите.

Освен Шабани, кривична заработи и актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и државната советничка за европски интеграции и одговорната за спроведување на ИПА оперативна програма меѓу Македонија и Бугарија во периодот од 2015 и 2017 година.

Шабани за Плусинфо објаснува дека кривичната за него и за актуелниот министер Фазлиу е за несовесно работење, односно дека како раководни лица потпишале решенија за патни налози, патни трошоци и дневници за двете вработени.

Шабани потврдува дека станува збор за странски донации од ИПА фондови. Според него, двете вработени во неколку наврати биле на евалуација на проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Пракса било експерти од Македонија и од Бугарија да вршат евалуација до каде е проектот. Шабани објаснува дека откако државната советничка и одговорната за ИПА фондовите низ разговор со бугарските експерти виделе дека нивните колеги за евалуацијата зеле дневници и тие освен патни трошоци напишале дека им следуваат дневници. Бидејќи двата тима, македонскиот и бугарскиот одржале повеќе средби во врска со проектот, двете вработени од 2015 до 2017 легално зеле по повеќе од 12.000 евра за дневници и патни трошоци.

Ревизорите од ИПА утврдиле дека парите биле ненаменски потрошени. Според договорот на Република Македонија со ЕУ, ненаменските пари морало да ги врати Министерството за локална самоуправа, и тоа и го сторило. Шабани објаснува дека тоа што е непознато за јавноста е дека двете вработени после ги вратиле парите во Министерството за локална и дека со тоа буџетот на ова министерство не е оштетен.

Но Шабани, нема прецизен одговор зошто тој потпишал двете вработени да земат дневници за средбите со колегите од Бугарија, но не на нивно име туку наведени како експерти. Поранешниот министер вели дека потпишувал куп документи и веројатно направил превид. Тој не знае кога вработените ги вратиле парите на Министерството и по чија сугестија.

И покрај обидите не успеавме да добиеме став од актуелниот министер за локална Сухејл Фазлиу.

Во соопштението од Управата за финансиска полиција, од проектот на ИПА фондовите, ненаменски за техничка помош на Министерството за локална, за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија преку четири договори на незаконски начин биле исплатени пари за ангажирани вработени лица како експерти во вкупен износ од 2.198.243 денари или речиси 36 илјади евра. Парите, според финансиската полиција биле вратени на ИПА фондовите со што е нанесена штета на буџетот на Министерството за локална самоуправа.

Двете вработени биле свесни за делото што го сториле и на младинската агенција за вработување и наложиле да им ги избрише имињата и презимињата и на нивно место да ги впише само како броеви, односно како експерт 12 и експерт 13. Овие пари потоа морало да бидат вратени во ИПА фондовите, а истото дело го нагласил и ревизорскиот извештај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...