Словенија и Австрија заеднички ќе работат за да може коњот Липицанер, како позната раса, да се најде на Листата на УНЕСКО за светско наследство, се договорија министрите за надворешни работи на двете земји, Миро Церар и Карина Кнајсел.
Министрите потпишаа заедничка изјава за мултинационална понуда. Таа иницијатива ќе ја вклучи и Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Италија, Романија и Словачка.
Прашањето за сопственоста на липицанерите во културна и историска смисла со години претставуваше проблем, а исто така се појави и во разговорите за пристапување на Словенија во ЕУ, откако Австрија се спротивстави на одлуката на Словенија да го задржи географското потекло на расата.
Словенечката ергела во селото Липица, основана во 1580 година, е дом на познатата раса коњи, додека Австрија, од друга страна, тврди дека ергелата во близина на Грац е всушност местото од каде што потекнува Липицанерот.