Лион негираше договор за трансфер на Фекир во Ливерпул

Француски Лион денес негираше дека има договор помеѓу тимот и Ливерпул за трансферот на Набил Фекир во тимот на европските вице-шампиони.

100

Француски Лион денес негираше дека има договор помеѓу тимот и Ливерпул за трансферот на Набил Фекир во тимот на европските вице-шампиони.

Вчера, главната вест во Франција и Англија беше дека Ливерпул се согласил да го продаде францускиот репрезентативец на тимот од „Енфилд“ за нешто над 50 милиони фунти.

Според истите медиуми, денес требаше офанзивниот фудбалер да помине медицински преглед, а потоа трансферот да биде официјализиран

Сепак, од фудбалскиот клуб Лион денес, преку социјалните мрежи, велат дека овие наводи се невистинити и дека секој трансфер во врска со клубот ќе биде објавен на официјалната веб страница на Лион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...