Линиите 69 и 28 со дополнителни автобуси за празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон

263

ЈСП Скопје ги информира своите корисници дека во пресрет на верските празници Св. Петка и Св. Пантелејмон, на 7, 8 и 9. август, ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.

Утре, (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до селото Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот.

На 8.08.2018 година (среда) ќе сообраќаат три автобуса од Дивле кон Транспортен центар и тоа во 5.45, 15.30 и во 19.30 часот.

Посочените поаѓања, всушност, се вонреден превоз имајќи предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди. Во случајов, вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.

ЈСП Скопје ќе обезбеди и дополнителен број автобуси на линијата 28 на 8. и 9. август (среда и четврток).

На 8.08.2018 година (среда), освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17.20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец.

На 9.08.2018 година (четврток), вонреден автобус ќе има во 7.10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец.

Во овој случај, ЈСП Скопје одговори позитивно на барањето на манастирот „Св. вмч. Пантелејмон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...