Адријана Лима се збогуваше со крилјата на Викторија Сикрет. Вчерашното шоу во Њујорк и беше последно, па била поздравена со видео од нејзините иконични претставувања на пистата.
Видеото завршило со благодарност до Лима, а веднаш потоа се затемнила сцената и таа го направила за последен пат она во што е најдобра.
Триесет и седумгодишната манекенка заплакала додека сите станале на нозе и ракоплескале.
– Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, што ги сподели твоите тајни, како и најважното, што не ми даде само крилја, туку ме научи и да летам – напиша Лима на Инстаграм.
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON