Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска оценува дека промена на Уставот е неприфатливо барање, кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување.
„Немам изворни информации, освен од грчките медиуми. Но не им верувам, зашто македонските преговарачи повеќе пати јасно кажаа дека барањето за промена на Уставот е неприфатливо и дека погрешно се употребува терминот ерга омнес. Тој во меѓународното право важи за меѓународен промет. А за тоа всушност и се водат преговорите. Не може само за Македонија „ексклузивно“ да се толкува терминот ерга омнес, спротивно на меѓународното право“, изјави Поповска.