Лилиќ: На сцената ти никогаш не глумеше туку живееше со сета душа за твојата публика

4312

Биле за тебе никогаш повеќе во животот нема да зборуваме во минато, за тебе секогаш ќе зборуваме во сегашност затоа што ти ќе бидеш секогаш овде и овде кај нас, рече Дејан Лилиќ во Домот на културата КВК во Општина Кисела Вода на комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец.

– Билјана,  ние немаме друга Билјана Беличанец ти си една и единствена и таква и ќе останеш забележана во меморијата на сите нас затоа што си голем човек, чесен човек, искрен работник кој не бара ни пари, ни слава, ни награди, туку сака да го работи тоа што го работи. Четири години беше во оваа општина и знам дека многу направи за неа знам дека направи многу за македонскиот театар и затоа никогаш нема да те заборавиме и младите генерации ќе учат од тебе како е да се биде вистински професионалец на сцена. Билјана да знаеш дека сето она што го имаш направено ние што бевме од самите почетоци со тебе како генерација ќе го пренесуваме понатаму затоа што заслужуваш. Една и единствена Билјана Беличанец нема да се роди, ни актерка, ни човек. Ова овде е твое дело и пред да те испратиме од твојот и од нашиот драмски театар знам дека на сцената ти никогаш не глумеше туку ти живееше, живееше со сета душа, со сето срце, живееше за себе , за твоите партенери, за твоите партнерки и за твојата публика. Нека ти е вечна слава драга моја – кажа Лилиќ.

Весна Петрушевска рече дека Билјана ја памети како ведра, видра, многу вредна и многу нивна, многу сакаше да учи, да пее, да зборува ноќе на телефон.

– Кога и честитав нова година и реков ајде годинава нова улога оти ни недостасуваш фалиш во македонскиот театар. Таа ми врати ова е најубавата честитка што некој можел да ми ја испрати. Таа беше нашето вечно девојче, девојчето со игриви очи со тажен поглед и со скриена насмевка, често пати разговаравме и ја прашував зошто и е потребно сето ова, таа ми рече имам само една идеја тоа е ова каде што сме сега тука да направам еден мал театар за да може да уживаат децата, да гледаат претстави децата. Зборовите денеска ќе поминат ние ќе го изразиме нашето сочуство, но има една работа која што треба сите да ја запаметиме колку почесто ја спомнуваме толку повеќе ќе живее Билјана во овој свет. Билјана беше храбар човек, Билјана беше достоинствен човек, Билјана беше човек. Бог да ја прости вечна и слава и да го негуваме споменот за неа – кажа актерката Петрушевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...