Лиле Стефанова се враќа во Радовиш, кај Русковска ѝ истекол мандатот

2762

Обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нема да се врати таму каде сега шефица е Вилма Русковска, туку во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела.

Тоа е одлучено на денешната седница на Советот на јавни обвинители.

– Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година – изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Останатите обвинители, ќе се вратат во обвинителствата каде работеа пред да се префрлат во СЈО. Најмногу од нив ќе завршат во скопското обвинителство: Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Бурим Рустеми, пак, ќе биде обвинител во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, а Стевно Донев во Кочани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...