Лиле Стефанова повикана во обвинителството за „Рекет“

1944

Обвинителката која го водеше случајо „Империја“ на СЈО, каде осомничен е Орце Камчев кој го пријави случајот „Рекет“, во вторник е повикана да сведочи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија од обвинителството за Плусинфо.

По вчерашната снимка „Ла Верита“, Стефанова излезе со официјална изјава во јавноста, во која посочи низа несогласувања со нејзината шефица.

Дека таа, ќе биде сослушана подоцна денеска за МИА потврди и републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

Вчера тој најави и дека покана ќе добие и Катица Јанева.

– Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред – изјави тој за Телма.

Инаку, Стефанова се споменува и во денешната снимка на „Ла Верита“ за која Катица Јанева на Орце Камчев му вели: „Не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...