Обвинителката Лиле Стефанова утрово отиде во Основниот кривичен суд во Скопје на рочиште за случајот „Титаник“, а дел од новинарите ја „уловија“ додека таа одеше кон судската зграда и ѝ поставија неколку прашања.
На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал, јавува ТВ 21.
Воедно на прашањето дали ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека за сѐ ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева.
Нејзините одговори погледнете ги во видеото на ТВ 21: