Лиле Стефанова за ТВ24: Згрозена сум од снимката, ќе соработувам со истрагата

1201

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

– Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не ѝ наштетам на истрагата – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

На прашањето дали рекетот може да ја сруши „Империја“, Стефанова вели дека таа истрага е поставена на здрави нозе, но со месеци е закочена поради начелното мислење кое го донесе Врховниот суд.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...