Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Титаник“, на денешното рочиште побара да се одложи судењето затоа што во моментов трае предавањето на предметите на редовното обвинителство.
Како што посочи Стефанова, во просториите на СЈО се наоѓа комисија од ЈО за примопредавањето.
Од ЈО велат дека начинот е договорен, а денеска само треба да се прецизираат техничките детали.
Покрај „Титаник“, денеска се одложи и предметот „Титаник 3“ на барање на обвинителката Фатиме Фетаи.