Лила Филиповска утре ќе „пее“ во судница за „Рекет“

1695
ФОТО: Инстаграм

Водителката Лила Филиповска, инфлуенсерка на социјалните мрежи, ќе сведочи на утрешното рочиште во процесот „Рекет“.

Лила е блиска пријателка на обвинетиот Бојан Јовановски, а има и историја на сомнителни бизнис зделки во кои учествувале заедно.

Таа беше во возилото заедно со Боки на граничниот премин Богородица, кога тогаш осомничениот Јовановски беше лишен од слобода.

Судијката Васка Николовска – Масевска извести дека за утре е планирано во судница да бидат испрашани четворица сведоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...