Лила: Не сум скарана, но веќе не сме пријатели со Боки!

Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ, изјави денеска во суд водителката Лила Филиповска.

1363

Водителката Лила Филиповска денеска сведочеше за случајот „Рекет“.

– Ја кажав вистината. Оној кој сака да види, ќе го види видеото. Сѐ кажав пред обвинителите и го кажав тоа транспарентно кон целата јавност. Сѐ кажав внатре драга – рече Филиповска пред новинарите по сведочењето.

Лила денеска во суд рече дека го познавала Боки од неговата 15-та година.

– Неколку пати се имавме скарано и не разговаравме, но потоа се смирувавме. Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ – изјави денеска во суд водителката Лила Филиповска.

Прашана дали се сеќава дека од БМЈ до неа имало уплата од 500.000 денари кои таа подоцна ги уплатила, Лила рече дека то не е точно.

– Мене никој не ми уплатил пари, јас тие пари од моја сметка ги имам платено. Не сум скарана, но веќе не сме пријатели со Бојан Јовановски. Со Јовановски сме биле на неколку викенд одмори. Дента кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека сѐ е организирано, а веројатно сѐ беше платено однапред – рече таа.

Таа рече дека често оделе на викенди заедно со Боки 13 и со Сергеј Варошлија.

Прочитајте повеќе:

Боки ниту го платил, ниту дал компензација за лускузниот мебел

Боки 13 побара изземање на Русковска, тврди дека има докази против неа вредни 4 милиони евра

Мери Дика со мајката на Боки патувала во Милано

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...