Лилард постигна 51 поен против Јута

34

Демијан Лилард продолжи со неверојатните игри во последно време, откако изминатава вечер постигна 51 поен за победата на Портланд над Јута со 124:107.

Бекот е во неверојатна форма, откако има просек од 48,8 поени на последните 6 натпревари за „пионерите“. Тој додаде 12 асистенции за четвртиот последователен успех на неговиот тим.

Лилард постигна 9 тројки, реализирајќи најмалку 6 удари од далечина во шестиот последователен натпревар и повторно беше незапирлив за одбраната на противникот.

Јута поведе со 32:21 во првата четвртина, но до крајот на периодот водството беше скоро избришано пред домаќините да поведат во второто полувреме, а во третата четвртина, резултатот на семафорот гласеше 91:73.

На стартот од последниот период, гостите се доближија до 88-94, но 7 последователни поени на Портланд им ја врати контролата, по што „џезирите“ не направија нов обид за враќање на неизвесноста и екипата доживеа четврти пораз во низа.

Трејлблејзерс ја продолжуваат борбата за 8-то место во конференцијата, со биланс 23-27, но сепак заостануваат зад Мемфис (24-25). Јута со 32-17 и на 4-то место на Западот.

Други резултати:

Л.А. Клиперс – Минесота 118: 106
Индијана – Њујорк 85:92
Орландо – Мајами 89: 102
Вашингтон – Бруклин 113: 107
Кливленд – Голден Стејт 112 : 131
Далас – Атланта 123: 100
Бостон – Филаделфија 116: 95
Сан Антонио – Шарлот 114: 90
Сакраменто – Л.А. Лејкерс 113: 129.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...