Лизгалиштето во Кавадарци е ставено во функција, основците и средношколците ќе можат организирано и според програма бесплатно да го користат до крајот на февруари, подучени од наставници.
– Убаво е секое дете да проба да лизга, да се учи вештината на лизгање – нагласи градоначалникот Митко Јанчев.
Лизгалиштето ќе може да се користи и надвор од предвидените термини за ученици, а тогаш за лизгање ќе се плаќа симболична цена.
Кавадарчани вторпат можат да го користат ова лизгалиште, откако минатата сезона него го обезбедија компаниите „Кожувчанка” и „Црна Река”. Општина Кавадарци ја плаќа струјата за да работи лизгалиштето.