Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ за амнестијата: Ќе се бориме до последниот човек

716

Ова што го прави овој афрички монарх е политички прогон и ќе се бориме до последниот човек, без разлика дали е пратеник или уметник, или обичен граѓанин, рече вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на протест пред Владата.

– Околу неправдите и околу судството, сакам да кажам две работи. Сестрата директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет, а тоа е археологијата, образованието и историјата. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања. Мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, епа шарени мои, епа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие. За вакви кланови да ви се инсталираат, мајката, ќерката, таткото, сестрата, такви ги има стотици и од протест на протест ќе ги спомнуваме. За тоа трчавте пред две години и затоа ги фарбавте улиците, да седите вие дома, а они да уживаат во привилегиите. Тоа е истиот СДСМ од времето на транзицијата кој што пљачкаше и хараше, тоа се тие истите луѓе – рече Мицкоски.

Тој уште еднаш упати покана до премиерот Зоран Заев за ТВ дуел.

– Бирај време, бирај место, бирај медиум. Јас и ти тет-а-тет пред Нова година да си кажеме што имаме – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...