Лидија Георгиева: Душа, тоа е најважната состојка и во јадењето и во дизајнот

Модната дизајнерка која 20 години од својот живот помина во Париз, освен за модата и за дизајнот, во овој период од својот живот научила многу и за гастрономијата. Омилено јадење по француските ресторани ѝ било - патка приготвена во маст, а по дома - класичен киш кој научила да го прави од една Французинка од Бордо. Најголем комплимент за неа бил оној кога пријател во Париз ѝ кажал дека нејзиниот киш е добар колку и тој на неговата баба.

574

Модната дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Лидија Георгиева, е една од ретките која наместо да замине, пред неколку години се врати во Македонија откако две децении од својот живот помина во престолнината на модата, но и на гастрономијата – Париз.

Зборувавме со неа за нејзината работа во областа на модата и дизајнот, но таа ни ја отвори и вратата од својата кујна и ни покажа дека нејзината креативност и тука ја има својата продолжена рака. Освен за мода и за храна, таа ни зборуваше и за својот дизајн на керамички предмети, но и на линијата перници Искра&Лидија Блупринт.

Славниот двоец од светот на модата, Долче и Габана, освен со мода, се занимаваат и со креирање на амбалажа за тестенини, престилки за готвење, па дури и на мали домашни апарати како фрижидери и микробранови печки. Ти веќе имаше искуство со дизајните на садови изработени од керамика, што те натера на овој чекор и има ли шанси да направиш уште нешто слично?

Работев со врвни бутици и клиенти додека живеев во Париз, но поради големата конкуренција и високи критериуми, морав со сета енергија да се фокусирам исклучиво на мојата колекција и на дизајнирање колекции за познати брендови. Немав можност да се занимавам и со креација во другите области на дизајнот, иако тоа многу ме привлекуваше. По враќањето во Скопје, веднаш почнав да истражувам соработки со архитекти, па така се случија фотељи, паравани, послужавници и сега веќе неколку години линијата перници со Искра (Искра&Лидија Блупринт). Кога влегов како професор на ТМФ, бев заинтересирана за сите можности кои се отворени на факултетот и многу брзо стапив во контакт со професорката Емилија Фиданчевска од институтот за неорганска хемија. Таа ми овозможи пристап кон техничкиот дел за изработка на керамика, се работи за прецизен процес, нема место за импровизација, такашто кога тоа беше обезбедено, јас со задоволство можев да креирам и да ја откријам таа вештина. Иксуството беше непроценливо, драгоцено, секако би го работела тоа повторно. Допирот со таа материја е навистина привлечен и медитативен, би можела со часови да работам на обликување на еден предмет.

Целото интервју прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...