Лидерска средба в недела кај Претседателот Пендаровски

384

На иницијатива на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...