Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека лидерската средба која треба да се одржи во петок е „непотребен театар“ затоа што не очекува дека ќе биде отворено вистинското прашање – датум за предвремени парлламентарни избори.
– Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес ѝ е потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори – рече Мицоски.
Според опозицискиот лидер средбата би била непотребен театар, бидејќи Заев се плаши од дебакл на изборите, а повтори и дека ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се дијаметрално спротивни за Законот за јавно обвинителство, за изборниот закон и за пописот, а тоа се покажало и за време на разговарите во работните групи.