Лидерот на тетовското крило на Беса, Билал Касами пред почетокот на лидерската средба во Клубот на pратениците ми забележал на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев зошто на состанокот поканил политичари кои немаат партија, алудирајќи на скопското крило на Беса на Африм Гаши, брифираат за Плусинфо од крилото на Касами.
Од таму велат дека пред почетокот на состанокот, Касами му ги доставил на Заев тековните податоци од Централен регистар за регистрирани политичките партии. Касами му посочил на Заев дека треба да се однесува „одговорно и институционално“ и му забележал дека поканил „неформални“ лица кои немаат политичка партија.
Според информации од учесници на лидерската, на средбата прва точка за разговор е Државната изборна комисија.