Лидерите на НАТО попладнево доаѓаат во Скопје

1191
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Столтенберг и високи претставници на НАТО попладнево пристигнуваат во дводневна посета на Македонија. Генералниот секретар на НАТО пред да дојде во Скопје е во посета на Софија, а потоа ќе ја посети Тирана, каде што е предвидено да престојува само неколку часа.

Столтенберг и НАТО амбасадорите се очекува доцна попладне дa пристигнат на „Меѓународниот аеродром Скопје“, каде е предвиден свечен пречек, по што ќе се упатат во Собранието. Амбасадорите на земјите членки утре во Скопје е планирано да одржат состанок на Северноатлансткиот совет, кое е телото во кое се носат одлуките на Алијансата.

Утре високите претставници на НАТО ќе бидат пречекани и во Владата.

Според експертите, посетата на Столтенберг на земјава има симболично значење и доаѓа во текот на процесот на ратификација на пристапниот протокол за Северна Македонија.

 

За време на посетата, планирани се средби со претставници на државниот врв со кои ќе разговараат за процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Досега 13 земји од вкупно 29 членки на НАТО го потпишаа протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...