ЛИДЕМ бара итно донесување на законот за млади

356


Либерално-демократската младина денеска ја одржа својата четиринаесета изборна Конференција во хотел Hilton Double Tree, каде за нов претседател беше избран Димитар Ванчов. На конференцијата присуствуваа 200 млади членови на ЛИДЕМ.

„Либерално демократската младина изминатиов период, даде сериозен придонес во процесите кои значеа враќање, градење и унапредување на вредностите кои се предуслов за напредна и демократска Македонија. Денеска, бараме итно донесување на Законот за млади во кој учествуваме во создавање на истиот. Спротивно ќе бараме одговорност од Агенција за млади и спорт. Затоа, ЛИДЕМ како авангардна младина сме постојан инспиратор на една револуција која ќе овозможи градење на систем на праведност, почитување на човековите права, еднаквостa. Принципи со кои државата треба да го трасисра патот кон Европа“, рече досегашната претседателка на ЛИДЕМ, Моника Зајкова.

Таа побара од новото раководство натамошна постојана и неуморна заложба за исполнување на целите на младите, кои се предуслов за здраво и напредно општество. Квалитетно образование, висок студентски стандард, унапредување на демократските стандарди, не – дискриминација, почитување  и промоција на родовата еднаквост, слобода на движење, отвореност за идеите и концептите на младите.

Ова се само дел од  заложбите кои ги постави ЛИДЕМ, за кои започнаа да се борат, а коишто веруваат дека со истрајност, креативност, како и со натамошна работа една по една ќе успеат да станат и реалност во периодот кој следи. Законот за субвенциониран студентски оброк кој ЛИДЕМ го подготви, а кој оваа недела ќе влезе во собраниска процедура и веруваат дека ќе наиде на широка политичка поддршка. Либерализмот е онаа движечка сила што ги определува новите правци на Европа. Македонија треба да го следи тој чекор и да ги прифати принципите што ги нуди оваа идеја.

„Како нов претседател ЛИДЕМ ќе работам на загарантирано учество на малдите во процесот на донесување на одлуки. Исто така потребно е зајакнување на младинските совети и учество на подмладоците во истите. Младите треба да бидат инспирација и разумот во носењето на одлуките на централната и локалната власт“, порача новиот претседател на ЛИДЕМ, Димитар Ванчов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...