Ливерпул четврта сезона по ред, нема да ги зголеми цените на билетите

94

Ливерпул на официјалната веб-страница објави дека ќе ги замрзне цените на билетите и сезонските билети за следната сезона. „Црвените“ не ги покачуваат цените четири последователни сезони.

Цената на најевтините билетите за еден натпревар на „Енфилд“ како и до сега ќе бидат девет фунти за средби од Премиер лигата, ФА купот и европските купови. Околу 10 илјади билети ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Покрај тоа, клубот ќе продолжи да ги поддржува училиштата во областа Енфилд и ќе обезбеди 1.000 бесплатни билети за секој домашен натпревар во Премиер лигата следната сезона.

Ливерпул во моментов е водечки во пласманот на шампионатот во Англија, со два поени пред Манчестер сити кој има натпревар помалку.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...