Ливерпул со втора победа над Сити

Клучниот момент во дуелот се чини беше на крајот на првото полувреме, кога при резултат 1:0, шпанскиот судија Антонио Матеу Лаос поништи чист гол на Лирој Сане.

238

Тимот на Ливерпул по втор пат го победи Манчестер Сити, овој пат со 2:1 во реваншот на „Етихад“ и со вкупен резултат од 5:1 ги елиминираше „граѓаните“. Играчите на Пеп Гвардиола имаа тешка задача да надополнат 0:3, резултат со кој Ливерпул го порази на првиот меч на „Енфилд“ минатата недела.

Средбата почна одлично за домаќините и Габриел Жезус го отвори резултат уште во втората минута. Мохамед Салах сепак изедначи во 56. а во 77-та минута Роберто Фирмино направи целосен пресврт.

Клучниот момент во дуелот се чини беше на крајот на првото полувреме, кога при резултат 1:0, шпанскиот судија Антонио Матеу Лаос поништи чист гол на Лирој Сане. Малку пред тоа, во казненото поле на гостите имаше игра со по удар на Бернардо Силва, но не беше досуден пенал.

На полувремето тренерот на Сити, Гвардиола го искажа својот бес кон сонародникот и доби црвен картон, по што вториот дел го проследи од трибините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...