Ливерпул и Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампиони

208

Англиските екипи Ливерпул и Тотенхем обезбедија настап во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони на сметка на италијанските претставници во елитата Наполи и Интер.

Ливерпул во директна пресметка за второто место во групата го победи Наполи, додека Интер ремизира со ПСВ, резултат доволен за Тотенхем кој освои бод на гостувањето кај Батрселона.

Резултати во последното (6.коло):

Галатасарај – Порто 2:3
Шалке – Локомотив Москва 1:0
Барселона – Тотенхем 1:1
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 0:0
Црвена ѕвезда – ПСЖ 1:4
Интер – ПСВ 1:1
Ливерпул – Наполи 1:0
Монако – Борусија Дортмунд 0:2.

Табела А-група: Борусија 13, Атлетико 13, Бриж 6, Монако 1.

Табела Б-група: Барселона 14, Тотенхем 8, Интер 8, ПСВ 2.

Табела Ц-група: ПСЖ 11, Ливерпул 9, Наполи 9, Црвена ѕвезда 4.

Табела Д-група: Порто 16, Шалке 11, Галатасарај 4, Локомотив Москва 3.

Двете првопласирани од сите групи продолжуваат во осминафиналето од Лигата на шампионите, додека третите ќе се приклучат на екипите во Лига Европа. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...