Ливерпул го достигна рекордот на Арсенал од пред 18 години

439
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Екипата на Ливерпул успеа да постигне гол на сите 22 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Последен пат ова го стори Арсенал пред 18 години.

На вечерашното дерби со Манчестер јунајтед, Ливерпул поведе преку Вирџил ван Дајк во 14. минута.

Пред Ливерпул, на Арсенал во сезоната 2001/2002 му успеа да ја затресе мрежата на 22 последователни средби. Тогаш лондончаните постигнаа гол на сите 38 првенствени натпревари и на крајот ја освоија титулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...