ЛЕ: Ако го помине Дуделанж, Шкендија повторно ќе измери сили со Номе Калју

212

Денеска беше одржана ждрепката за третото квалификациско коло од Лига Европа, а македонскиот тим Шкендија го дозна својот противник.

Имено, тетовци ќе се сретнат со Дуделанж, а доколку го совладаат тимот од Луксембург, ќе се соочат со поразениот од мечот меѓу Селтик и Номе Калју. Естонскиот клуб во првото коло на квалификациите за Лигата на шампиони сензационално славеше на арената „Тодор Проески“ во Скопје со 1:2.

Првите мечеви од третото квалификациско коло се играат на 8 август, реваншите се седум дена подоцна.

Двојки за трето квалификациско коло за Лига Европа

Шкендија (С. Македонија)/Дуделанж (Луксембург) – Селтик (Шкотска)/Номе Калју (Естонија)
Сутјеска (Ц. Гора)/Аполон (Кипар) – ХБ Торшавн (Ф. Острови)/Линфилд (С. Ирска)
Арарат (Ерменија)/Линколн (Гибралтар) – Сабуртало (Грузија)/Динамо Загреб (Хрватска)
Пјаст Гливице (Полска)/Рига (Летонија) – Црвена звезда (Србија)/Хелсинки (Финска)
Клуж (Романија)/Макаби Тел Авив (Израел) – Тре Пене (Сан Марино)/Судува (Литванија)
Сараево (БиХ) – БАТЕ Борисов (Белорусија)/Розенборг (Норвешка)
Партизани (Албанија)/Шериф Тираспол (Молдавија) – Марибор (Словенија)/АИК Стокхолм (Шведска)
Слован Братислава (Словачка)/Фероникели (Косово) – Дандалк (Р. Ирска)/Карабаг (Азербејџан)
Валур (Исланд)/Лудогорец (Бугарија) – ТНС (Велс)/Копенхаген (Данска)
Санта Колома (Андора)/Астана (Казахстан) – Ференцварош (Унгарија)/Валета (Малта).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...