Лејди Гага по настапот со Бредли: Го споделив моментот на Оскарите со вистински пријател и уметничкиот гениј ВИДЕО

Пејачката и нејзиниот партнер во филмот, Бредли Купер, се особено актуелни во јавноста откако се појави нивниот филм A Star Is Born, а деновиве се пишува дека двајцата се во романтична врска.

344
ФОТО: EPA / AARON POOLE / AMPAS / HANDOUT

Откако настапот на Лејди Гага и Бредли Купер ги воодушеви присутните во театарот на доделувањето на Оскарите, коментираше и пејачката на социјалната мрежа „Твитер“, два дена потоа.

– Ништо не можеше да биде попосебно од споделувањето на овој момент на Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј – напиша пејачката.

 

Пејачката и нејзиниот партнер во филмот, Бредли Купер, се особено актуелни во  јавноста откако се појави нивниот филм A Star Is Born, а деновиве се пишува и дека двајцата се во романтична врска.

Поголем сомнеж во јавноста предизвика веста дека пејачката, наводно, ја раскинала веридбата со своето  момче, а медиумите не го пропуштија моментот од непријателскиот поглед што девојката на Бредли Купер, Ирина Шајк, го упатила до Лејди Гага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...