Лејди Гага доби тужба за плагијат на песната „Shallow“

295
ФОТО: EPA / WARREN TODA

Музичарот аматер Стив Ронсен ја тужи пејачката Лејди Гага за плагијат на песната „Shallow“ од филмот „A Star is Born“ и бара мултимилионски надомест.

Неговата песна се вика „Almost“ е од 2012 година и се наоѓа на неговиот Sound Cloud.

Спорен е редоследот на акордите во песната „Shallow“, а адвокатите на Лејди Гага истакнуваат дека тоа не е доволно за тужба. Исто така, од правниот тим на пејачката наведуваат дека таа никогаш не ја слушнала песната „Almost“.

– Ронсен и неговиот адвокат се обидуваат да заработат „лесни пари“ од успешен уметник. Лејди Гага ќе се бори и ќе победи – вели Орин Снајден, правен застапник на Лејди Гага.

Песната на Ронсен пред да ја поднесе тужбата против пејачката имала само 300 прегледи, а сега има повеќе од 360.000 прегледи, од кои поголемиот дел од нив ги направиле фановите на Гага.

Еве ги двете песни:

ФОТО: EPA / WARREN TODA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...