Пијани момчиња кои со авион на компанијата Рајанер на 29 јуни патувале од Манчестер за Задар дивееле, ги игнорирале упатствата на персоналот и повраќале помеѓу седишта. Тие биле причината поради што авионот доцнел.
Авионот требало да тргне во 17.40 часот, меѓутоа полетал во 19:23 часот. Во Задар слетал во 23 часот.
Меѓу 70 патници кои биле во авионот, се нашле и 24-годишната Анета Жуков и нејзиното момче, 32-годишниот Пјотр Несан. Според нивните зборови, најголем број од патниците оделе на фетивалот Хард Ајланд кој се одржува на плажа од 7 до 11 јули.
Непристојното однесување на патниците било снимено со камера.
Жуков кажала дека патниците не сакале да ги стават сигурносните појаси и додека се емитувала пораката за сигурност, тие си довикувале едни на други.
– Во авионот беше слично како во ноќен клуб, само што немаше музика – рекла Жуков.
Таа додала дека тројца биле уапсени по слетувањето во Задар.
– Како да бев во џунгла со диви животни. Беше пекол. Најлош лет во мојот живот. Викаа, а персоналот не можеше да ги смири. Потполно неприфатливо однесување. Сите беа пијани. Персоналот им се закануваше дека ќе ги исфрли од авионот. Очигледно беа пијани пред да влезат во авионот. Никој за време на летот не можеше да купи алкохол, бидејќи сите беа толку пијани – рекла таа.
Пред да влезат во авионот, Жуков некои од патниците ги видела како се возат на своите куфери и пијат во аеродромските кафулиња.