Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
До недела ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од понеделник се најавува опаѓање на температурите за неколку степени.
Метеоролозите најавуваат опаѓање на температурите за неколку степени, засилување на ветерот и врнежи од дожд.
Утринската ќе се движи од два до осум степени, а максималната дневна од 11 до 18 степени.