Секторот за внатрешни работи Охрид, преку отсекот за превенција, а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Охрид, денеска и утре ќе ја реализираат превентивната кампања „Лето без пожари“, соопшти МВР.
Вечерва од 19 часот, на градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ и ДЗС, а на поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор.
Кампањата ќе продолжи утре од 9 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.