Летото се враќа – Од недела темература до 33 степени

201

Локален дожд и ретки грмежи најавуваат метеоролозите за попладневните часови во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во југозападните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени.

Од УХМР за утре најавуваат потопло време, попладне со појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја. Минмалната температура ќе достигне 16, а максималната 32 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...