Летното сметање на времето од вечерва

337

Вечерта помеѓу 30. и 31. март, во 2 часот почнува летното сметање на времето. Поместете ги стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00 min 00 s.

Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука, како што се наведува во соопштението, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори, не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Првпат преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно почнало во 1916.  година во државите на северот во Европа, а денес се практикува во 70 земји од светот, но не уште долго.

Европските земји наскоро ќе ја укинат оваа практика.

Согласно одлуката на Европскиот парламент, тоа треба да се случи во 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...