Летните температури во есен благопријатни за луѓето, но и за вирусите

Средната максимална температура во целата Република е повисока од просечната за 4 до 5 степени Целзиусови, а во Скопје дури за 6 степени.

271

Овој октомври е за дури 6 степени Целзиусови потопол во однос на претходните во Скопје, а слично, но уште потопло било, на пример, на 1. октомври 2012 година кога во главниот град била измерена највисока температура од 33,6 степени, а во Гевгелија дури 35,4 степени. Во текот на месец октомври годинава, потврдуваат од УХМР, исклучително топло време е регистрирано на сите мерни места во мрежата на метеоролошки станици во рамки на Управата за хидрометеоролошки работи. Лекарите предупредуваат дека високите температури во есен се благопријатни за луѓето, но и за вирусите.

Сузана Моневска Алчинова, шеф на одделот за климатологија во УХМР, вели:

– Податоците покажуваат дека речиси во целиот месец максималните температури во текот на денот надминуваат 20 степени, а средната максимална температура во целата Република е повисока од просечната за 4 до 5 степени Целзиусови, а во Скопје дури за 6 степени. Највисоките температури измерени во октомври 2018, по градови во Македонија изнесуваат од 20,5 во Маврово до 29,5 во Гевгелија. Исто така, и минималните температури, кога се споредени со повеќегодишните просечни вредности, покажуваат повисоки вредности за степен до два – вели Моневска и додава дека вакви температури имаат специфични влијанија во различни сектори.

Лето во есен

Денеска во Скопје биле измерени 25 степени Целзиусови, а за утре, 1. ноември, се најавуваат од 11 до 24 степени. A за 9. ноември, на пример, се прогнозираат 20 степени!

Проф. д-р Михаил Кочубовски, специјалист по хигиена во Институтот за јаво здравје, појаснува како невообичаено топлото време влијае на нашето здравје.

Добро е тоа што нема големи разлики во утринската и дневните температури – полошо е кога утрата се постудени, додека ова е подобро иако е невообичаено за овој период. Поради топлото време може да имаме развој на вирусни инфекции. Високите температури точно е дека може благопријатно да делуваат на луѓето, но тие исто така делуваат поволно и на развојот и ширењето на вирусите. Затоа постојат можности за појава на почести вирусни инфекции кај луѓето. Но сега го елиминираме факторот на ниски температури, бидејќи времето е невообичаено топло. При многу ниски температури, ако не сме доволно заштитени, па вдишуваме студен водух без заштита, можеме полесно да се разболиме. Човекот е поизложен на инфекции кога вдишува студен воздух, но тоа зависи и од тоа дали сме на отворено или во затворен простор. Секако, вакво толпо време не е лошо за здравјето, туку е дури и позитивно вели д-р Кочубовски.

На прашањето може ли поради високите температури да имаме наезда на инсекти, како комарци и муви, тој ја отфрла таа можност.

Битно е и тоа што фактот што иако подолго време нема врнежи од дожд, тоа не се одразило многу врз водоснабдувањето во градовите.

Комуналните претпријатија имаат резерви вода, па за среќа, немавме поголеми рестрикции на вода за пиење поради сушниот период – вели д-р Кочубовски.

Највисоките температури измерени во месец октомври 2018 година по градови во Македонија:

Станица

Температура мах

Берово

23.7

Битола

25.4

Д.Капија

26.8

Гевгелија

29.5

К.Паланка

24.9

Лазарополе

21.8

Охрид

24.3

Прилеп

24.9

З.Рид

27.6

Штип

26.8

Струмица

27.6

Маврово

20.5

Според базата на историски податоци во УХМР, досега највисоки температури во октомври во минатото биле регистрирани во:

Станица

Температура мах

Дата

Берово

31.5

15.10.1993

Битола

31.8

1.10.1994

Д.Капија

34.6

1.10.2012

Гевгелија

35.4

1.10.2012

К.Паланка

31.3

1.10.2012

Лазарополе

27.4

1.10.2012

Охрид

28.9

1.10.1994

Прилеп

32.3

2.10.1952

З.Рид

33.6

1.10.2012

Штип

34.1

1.10.2012

Струмица

32.2

3.10.1952

Маврово

27.3

1.10.1999

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...