Летен саем на книга во „Рамстор мол“ од денеска до 12 јуни

187

Во „Рамстор мол“ денеска ќе почне летен саем на книга кој трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го организира до 12 јуни.

Ќе учествуваат неколку издавачки куќи и книжарници (ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак) и ќе бидат понудени повеќе од илјада наслови по намалени саемски цени.

Според претседателот на МАИ, Бојан Саздов, оваа година летниот саем на книга ќе биде и интерактивен со секојдневно дружење на писатетлите и авторите. Целта е, вели тој, да ја доближи книгата до читателите.

– Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда, збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања… – истакна Саздов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...