Најмалку две сообраќајни несреќи се предизвикани поради желба на некои возачи да соберат пари кои излетале од блиндиран камион на автопатот кај местото Ист Ратерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси.
Полицијата во Ист Ратерфорд соопшти дека од блиндираното возило излетале пари по западната лента на Рута 3, околу 8.30 часот, за време на „шпицот“.
На снимките објавени на интернет се гледа како човек во униформа трча по автопатот и се обидува да собере пари, но и други возачи кои таму се нашле ги паркирале своите возила обидувајќи се да го направат истото.
Полицијата соопшти дека не знае колку пари излетале и ги повика сите кои имаат какви било информации или видео снимки да им се јават.