Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06 до 24 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило, на подрачјето на Скопје.
– Педесет и четири возачи ја пречекориле брзината во населено место и прекршоците се санкционирани со мандатни платни налози и прекршочни платни налози – стои во полицискиот билтен.
Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 38 прекршочни платни налози.