Лепа Брена: Мојата вистина за кавгата со Ѓоковиќ!

Во интервјуто Лепа Брена проговори за оваа ситуација и ја откри вистината.

3091

Некои српски медиуми деновиве објавија дека таткото на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, пред 17 години побарал од пејачката Лепа Брена и тогаш најдобриот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ да инвестираат во Новак.

Таткото на Новак, Срѓан, вели дека можела да има 18 милиони долари повеќе доколку прифатела, а Брена одговорила на прашањето во обемното интервју за магазинот „Старс“ на порталот „Курир.рс“:

– Не сум тениски стручњак и не знам за таков вид на понуда, но знам дека морате да бидете пријател и имате доверба во оној со кого почнувате бизнис, а во овој случај немаше. Го сакаме Новак, го цениме и почитуваме, како и неговото семејство. Тој е најсветлиот пример на еден прекрасен и успешен човек. Му посакуваме сите негови соништа да станат реалност, бидејќи тоа го заслужи – изјавила Лепа Брена.

FOTO: Printskrin/Kurir.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...