Славниот холивудски актер, Леонардо Дикаприо објави фотографија на Инстаграм, споделувајќи извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје.
Оскаровецот го илустрираше извештајот со фотографија од скопскиот плоштад, на која може да се види како мајка и дете се разладуваат среде фонтаната на високи температури.
„Зголемувањето на температурите, може да резултира со зголемување на болести поврзани со топлината и смртни случаи, како и закана од нови заразни болести, тврдат научниците од универзитетот „Џон Хопкинс“. Во еден труд објавен во „Journal of Clinical Investigation“, се вели дека со климатските промени, можеме да очекуваме да се зголемат случаите на грчеви, исцрпување и потенцијални срцеви удари. Екстремната топлина особено ќе влијае на децата, постарите луѓе, луѓето кои страдаат од хронични болести и луѓе од ранлиците категории“, напиша Дикаприо на Инстаграм.
Инаку оваа фотографија е направена од македонскиот фотограф Роберт Атанасовски за АФП/Гети.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин