Ленче Ристовска на ФБ: Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок

5133
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша обвинителката Ленче Ристовска на англиски јазик на својот Фејсбук профил, не прецизирајќи дали статусот некому е посветен.

Незадоволството меѓу вработените во обвинителството особено ескалираше по вчерашната наредба на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, обвинителите да се претресуваат при влез и излез од зградата на СЈО, . Обвинителката Фатиме Фетаи бурно, со пцости, реагирала на оваа наредба на Јанева.

И обвинителката Лиле Стефанова денеска изјавила дека неа никој нема да ја претресува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...